Откриен малолетникот што клоцаше куче и се снимаше

05.03.2020 11:47 | KumanovoNews

Малолетник од село во Општина Старо Нагоричане, е лицето коешто клоцаше куче на игралиште во Куманово. 

Откриен малолетникот што клоцаше куче и се снимаше

- Со малолетникот е извршен разговор, по што по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава, соопштуваат од МВР.

Видеото беше објавено на социјалните мрежи и се гледаше дека насилникот без причина клоца куче, кое преплашено бега, а негов пријател снима.

Откако започнаа јавните критики видеото и профилите на двајцата беа избришана, но тоа само предизвика поголем револт и споделување на снимката. Во полицијата беа поднесени три пријави.

Граѓаните побараа да се откријат и да се казнат насилниците за делото што го сториле, бидејќи само така ќе се стави крај на изживувањето врз недолжните животни.

За мачење на животни следува казна до една година затвор.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk