Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во координирана полициска акција вчера во атарот на кумановското село Винце, откриен е насад со растението канабис сатива.
„По насоки од Јавен обвинител растенијата биле подигнати за понатамошна постапка. Додека, по преземени мерки и активности, денеска полициски службеници од СВР Куманово утврдиле дека П.С.(44) од с.Винце го сторил кривичното дело, односно вршел садење и одгледување на насадот со марихуана. Тој бил лишен од слобода и по целосно документирање и расчистување на случајот ќе се поднесе кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk