Откриена мини лабораторија за производство на марихуана - сопственикот уапсен

23.09.2021 13:19 | Сузана Николиќ

Полициски службеници од Одделот за Кримполиција - Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово, вчера во 16.10 часот го лишиле од слобода С.А.(36) од Куманово. 

Откриена мини лабораторија за производство на марихуана - сопственикот уапсен

„При претрес во неговиот дом во Куманово, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени таблети, марихуана, семки од канабис, како и предмети кои ги набавил за подготовка на мини лабораторија за производство на марихуана - импровизирана направа наменета за производство и одгледување на растенија, вентилатори, рефлектори и друга опрема“, соопштува МВР.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk