Откриена нива со марихуана во Алешевце

25.07.2013 14:02 | KumanovoNews

 Двајца роднини од Слупчане одгледувале марихуна во планина на македонско-косовската граница.

Откриена нива со марихуана во Алешевце

Р.А.(20) и Е.А.(20), марихуаната ја засадиле на нива во селото Алешевце, среде шума во близина на поток. Откако полицијата добила информации за нелегалните активности, вчера излегла на терен и на лице место ги открила одгледувачите.  

На парцелата пронајдени се и одземени вкупно 310 насади од растението “канабис сатива“ со просечна височина од околу 2 метра.

 Роднините ќе одговараат за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

При претрес во домот на Р.А. се пронајдени и одземени ловечка пушка и пиштол за кои што нема регуларни дозволи, бидејќи  припаѓале на неговиот починат дедо.

Ова не е прв случај на одгледување на марихуана во непристапните предели на кумановско-липковскиот регион. Мината година беше откриен насад во селата Гошинце со 233 стебла и во Довезенце со 127.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk