Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На локален пат Св.Николе – Куманово, во населба Доброшане, синоќа во 22.10 часот, полициски службеници дале наредба за сопирање на патничко возило „опел зафира“, со струмички регистарски ознаки, но истото со зголемена брзина го напуштило местото на настанот.
Набрзо потоа во близина на бензинска пумпа на патот кон Крива Паланка возилото било најдено запрено, а во него биле пронајдени 16 лица мигранти: 13 од Пакистан, двајца од Авганистан и еден од Сирија.
Лицата се сместени во ПЦС Скопје и ТЦ Табановце за понатамошна постапка.
Увид наместото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk