Откриени 16 мигранти на Табановце и Лојане

12.02.2019 08:33 | KumanovoNews

Шеснаесет мигранти во две групи биле откриени завчера во близина на кумановското село Табановце. 

Откриени 16 мигранти на Табановце и Лојане

Според полицијата, во 7:35 часот на автопатот Табановце-Куманово полицијата се обидела да запре возило мерцедес, кое не застанало туку се упатило кон граничниот премин Табановце.

По преземени мерки, во 8:20 часот во село Табановце, на место викано Чифлук, било пронајдено патничкото возило мерцедес, сопственост на М.А.(28) од село Батинци, Скопско, а во негова близина била пронајдена и група од 10 мигранти (шест лица од Пакистан и четири лица од Сирија).

Дополнително, во близина на село Лојане биле пронајдени шест мигранти (пет од Ирак и едно лице од Иран). Миграните биле пренесени во транзитниот центар Табановце. Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk