Откриени 44 мигранти во српски камион

09.04.2016 10:23 | KumanovoNews

44 мигранти од Авганистан, Сирија и Пакистан, се пронајдени во камион со српски регистарски таблички на автопатот Куманово-Табановце.

Откриени 44 мигранти во српски камион

 Утринава во 04,15 часот, полициските службеници забележале паркирано ТМВ „Фиат Дукато“ на кое му била издишана гумата. Кога полицајците тргнале кон возилото, лицето кое го управувало почнало да бега. При контрола во просторот за товар пронајдени се вкупно 44 мигранти. Лицата се приведени во СВР-Куманово за понатамошна постапка.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk