Откриени 73 мигранти во камион

02.07.2016 12:50 | KumanovoNews

На локалниот пат Речица- Ваксинце, утринава околу 6 часот откриени се мигранти во камион.

Откриени 73 мигранти во камион

При контрола на ТМВ „Волво“ со скопски регистерски ознаки а управувано од М.Д.(35) од Велес, биле пронајдени 73 мигранти од Авганистан, Сирија, Пакистан и Бангладеш кој ги превезувал за одреден паричен надоместок. Возачот е приведен и во моментов се врши разговор. Известен  е јавен обвинител за понатамошна постапка. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk