Откриени два нови симптоми на коронавирус

19.03.2020 10:07 | KumanovoNews

 По долгите истражувања, професорот Хендрик Штрек, раководител на Институтот за вирологија на Универзитетската клиника во Бон, тврди дека има најдено два нови симптоми, карактеристични за вирусот КОВИД-19.

Откриени два нови симптоми на коронавирус

Професорот Штрек, работел на истражување на поголем број на заболени од коронавирус во Германија и забележал дека луѓето кои го имале овој вирус, во понапредна фаза, дека почнувале да губат чувство за мирис и вкус.

Тој вели дека една од мајките, која била дел од неговото истражување, дека воопшто не можела да го пучувствува мирисот на пелената на нејзиното дете. А пак другите пројавувале дека не чувствуваат никаков вкус додека јадат.

Според неговите согледувања, како што било истражено во Кина кај 91 отсто се појавуваат исти симптоми: сува кашлица и температура, но според неговите заклучоци од  испитаниците во Германија, кај 30 отсто се појавува и диареа,што не е воопшто мал процент.

Тој вели дека во Италија се тестираат само пациенти кои се заразени или пак кои се починати, а во Германија се тестираат дури и луѓе кои имаат само благо гребење на грлото.

Што се однесува до децата, тој вели дека и тие можат да се заразат, меѓутоа додава дека кај нив симптомите се лесни.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk