Откриени мигранти во возило на кумановец

30.04.2016 11:00 | KumanovoNews

Во близина на с.Смоквица, вчера во 17.20 часот, во возили „Ауди“ со кумановски регистерски ознаки пронајдени се 5 мигранти.

Откриени мигранти во возило на кумановец

Откако полицијата го запрела возилото, возачот Ф.Ј.(20) од Куманово почнал да бега, но по кратко време бил фатен од полициските службеници. Во возилото биле откриени пет илегални мигранти од Авганистан, кои се приведени во ПС-Неготино. Околу 18,00 часот од страна на полициска патрола во реонот на с.Клисура, односно на околу два километри над селото во планински предел, пронајдени биле празни три возила во кои предходно се превезувале мигранти. Се работи на откривање и пронаоѓање на возачите кои ги управувале возилата,  а против Ф.Ј. по целосното расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соответен поднесок.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk