Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Неколку лица од селата Отља, Опае и Матејче, незаконски организирале игри на среќа во деловни објекти во селата.
Н.А.(44) од село Отља за да се стекне со имотна корист во текот на 2013 и почетокот на 2014 година со неговите синови А.А.(22) и М.А.(20) во два деловни објекти во селата Отља и Опае организирал игри на среќа без лиценца. Со тоа избегнал да плати 12.915.000 денари со што го оштетил буџетот на Република Македонија.
За да ги измами корисниците, на тикетите во обложувалницата во Опае имал натписи од друга фирма. А.Ј. (19) вработен во обложувалницата во Опае и А.И. (22) сопственик на објектот во ова село му помагале во извршувањето на кривичните дела.
Првопријавениот ќе одговара за приредување на игри на среќа без лиценца, даночно затајување и повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма, додека останатите за помагање во делото.
Полицијата вчера поднесе пријава за нелегално организирање на игра на среќа против И.А.(19) и Е.А.(58) двајцата од селото Матејче.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk