Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Нелиценцирани софтвери се откриени во пет кумановски фото судиа и кабловската телевизија во селото Романовце, која работела на “диво“.
Од Координативното тело за заштита на интелектуална сопственост денеска информираа дека се одземени куќишта од компјутери од 5 фото судиa, a oд кабловската телевизија се одземени 19 рисивери.
“На крајот на годината последна акција ни е во Куманово. Пристигнаа повеќе пријави во делот на повреда на авторските права, односно интелектуалната сопственост и индустриска сопственост. Исконтролиравме седум правни субјекти, се со цел да се подигне свеста и да видиме како работат институциите, инспекциите во делот на советување за Законот за авторски права и индустриска сопственост. Во пет правни субјекти се констатирани неправилности, две работеле согласно прописите и од кабловската телевизија одземени се 19 рисивери и ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави и мандатна казна од Пазарниот инспекторат“ - изјави Мите Костов, претседател на Координативно тело за заштита на интелектуална сопственост.
Костов вели дека во Куманово има напредок и авторските права се повеќе се почитуваат. Тој се надева дека во 2015 година ќе има помалку пиратерија во Куманово и воопшто во Македонија.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk