Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Откриени се 6 нови заболени од дијабетес, при последното мерење на шеќер во крвта во Липково потврдуваат од Здружение на дијабетичари Куманово.
Од 70 прегледани граѓани, тројца мажи и три жени во поодминати години воопшто не знаеле дека имаат зголемено присуство на шеќер во крвта.
“ Укажано им е да одат на лекар, да се тестираат. Септември и октомври ќе продолжиме со бесплатни мерења на шеќер во крвта. Во сите три општини Куманово, Липково и Старо Нагоричане ќе бидат опфатени по 3 - 4 села“ - вели Драган Гачевиќ, претседател на Здружение на дијабетичари Куманово.
На 28 септември пред почетокот на манифестацијата “Бајловски средби“ за месното население ќе има акција за бесплатно мерење на шеќер во крвта.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk