Откриени три возила во јавниот превоз со неисправни сопирачки

17.12.2021 13:11 | Сузана Николиќ

 Поради неисправни сопирачки исклучени се од сообраќај три возила коишто вршат јавен превоз на територијата на СВР Куманово.  Едно возило е исклучено затоа што немало исправни светла.

Откриени три возила во јавниот превоз со неисправни сопирачки

Акцијата за контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници спроведена е вчера во период од 12 до 16 часот. 

„Притоа санкционирани се 4 возачи. При контролата 3 возила се исклучени поради неисправен уред за запирање и 1 за неисправни светлосно сигнални уреди“, соопштуваа од МВР.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и од полицијата апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и да придонесат за посигурни патишта.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk