Откриено оружје без дозвола во куќа во Матејче

03.06.2016 11:45 | KumanovoNews

 Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Џ.Ј.(60) и еден седумнаесетгодишник, двајцата од с. Матејче, липковско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Откриено оружје без дозвола во куќа во Матејче

Полициски службеници кога извршиле претрес во домот на првопријавениот во с. Матејче, пронајдени се ловна пушка калибар 16 мм, два куршуми со калибар 7,9х57 мм и еден проектил калибар 7,9х57 мм што ги поседувал без дозвола. Од страна на полициски службеници, при извршен претрес во домот на второпријавениот на ул. „Карадачки Одреди“,  пронајдени се пиштол калибар 7,62 мм, полуавтоматско огнено оружје, една рамка и шест куршуми што ги поседувал без дозвола.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk