Отпадите повторно работат

08.05.2012 08:31 | KumanovoNews

 Новина во нивнито работење е плаќање преку трансакциона сметка, а не како досега само земање на матичен број и адреса од оние кои предаваат старо железо.

Отпадите повторно работат

Откупните пунктови за старо железо во Куманово од вчера повторно профункционираа. Новина во нивнито работење е плаќање преку трансакциона сметка, а не како досега само земање на матичен број и адреса од оние кои предаваат старо железо. Целта е да се намалат кражбите на металните предмети и да се воведе ред во прометот со железо.

Ние имаме фискален апарат, и досега сме издавале фискални сметки. Во еден ден може да се собере и до еден тон железо. Најскап е бакарот кој се продава по 240 денари за килограм. Железото чини 10 денари, а алуминиумот е 45 денари од килограм. Можно е работата да се намали заради новите мерки- вели Драган Јаневски, вработен во отпадот “Еко штурац“.

Во Куманово има шест отпади и сите работат со приближни цени. Собраниот отпад од тука се носи на преработка.

Владата пред 2 месеци ги затвори отпадите за да го спречи откупот на крадено железо. По протестите на сопствениците,  дозволи отпадите за старо железо да работат, но условите ќе бидат построги. Дивите трговци ќе се соочат со високи казни, а легалните ќе исплаќаат пари на трансакциска сметка. Отпадите мора да бидат надвор од населените места.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk