Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На 571 семејство од Куманово ќе им бидат еднократно отпишани долговите.
Како што соопштуваат од Министерството за труд и социјална политика, се работи за долгови за струја, радиодифузна такса, кредити и друго, настанати до крајот на 2013 година.
Отписот на долгови е дозволен на приматели на социјална и постојана парична помош, невработени лица кои повеќе од година дена бараат работа, инвалиди и други.
Во Куманово над 5000 граѓани поднесоа барања за отпис на долгови.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk