Отпочна изградбата на спортската сала во Липково

20.01.2011 16:11 | KumanovoNews

Министерот за образование Никола Тодоров денеска присуствуваше на поставување на камен темелникот на нова  училишна спортска сала во селото Липково.Салата е со површина од 650 метри квадратни и ќе чини 23 милиони денари.

Отпочна изградбата на спортската сала во Липково

Планирано е да се изгради за 7 месеци, а ќе биде опремена со најсовремена спортска опрема и помагала. Ми претставува посебна чест и задоволство што денеска сум тука, меѓу граѓаните на Липково.Ги подржувам сите активности на развоја на училишниот спорт и ќе продолжиме со изградба на сали и во другите делови на државата-рече Тодоров.

Министерот најави дека ќе се гради и спортска сала во селото Отља.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk