Отпочната постапката за сообраќајна студија, се бараат пари за комплетeн ГУП

04.02.2019 11:11 | KumanovoNews

Советникот Зоран Петрушевски од ГРОМ, на последната седница на Советот, кога се расправаше за програмата за урбанистичко планирање на Општина Куманово, праша до каде е постапката за изработка на Генерален урбанистички план (ГУП) на Општина Куманово..

Отпочната постапката за сообраќајна студија, се бараат пари за комплетeн ГУП

Овдека во програмата пишува дека е отпочната постапката за донесување на планот, па сакам да ни кажете до каде е таа работа, колку време тоа ќе трае, бидејќи без овој документ ни се врзани рацете и на нас да планираме, а и на граѓаните имаат еден куп проблеми поради оваа работа, - изјави Петрушевски.

Новата раководителка на секторот за урбанизам Емилија Сларидис Јаневска објасни дека одлука за пристапување за изработка на ДУП е донесена уште од Советот во 2012 година, но минатата година е започната изработката за сообраќајната студија како еден дел од Генералниот урбанистички план.

- Во 2018 година е отпочната постапка за изработка на сообраќајна студија, завршена е тендерската постапка и се чека кој од понудувачите ќе биде избран. Сообраќајната студија е еден дел што е потребен како влезен податок за самото изготвување на Генералниот урбанистички план, која како документ содржи повеќе студии кои се неопходни да се изработат, а за истите се потребни финансиски средства. Општина Куманово изминатите неколку години, бидејќи не располага со толкава финсиска моќ сама да го изработи Генералниот урбанистички план, на јавните повици отворени од Министерството за транспорт и врски аплицираше меѓутоа последната апликација сеуште не ни е оддобрена. Го чекаме повикот во 2019 година повторно да се обратиме се со цел оваа постапка што побрзо да биде, бидејќи и те како му е потребна на Куманово, - изјави Сларидис Јаневска.

Куманово нема Генерален урбанистички план од 2000 година, бидејќи се потребни големи средства за негова изработка. Новото општинско раководство со цел да го реши проблемот формираше јавно претпријатие „Куманово-план“, кое меѓу другото ќе има задача да го изработи Генералниот урбанистички план.  Поради немањето на ГУП голем дел од граѓаните во приградските населби се жалат дека со години наназад не можат да добијат дозвола за градба.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk