Отпуштени 15 хонорарци од Транзитниот центар Табановце

05.03.2016 18:06 | KumanovoNews

  На 15 луѓе што досега работеле преку Црвениот крст не им се продолжени договорите за работа откако Транзитниот центра Табановце поминал во Министерството за труд и социјална политика и на нивно место се доведени нови луѓе.

Отпуштени 15 хонорарци од Транзитниот центар Табановце

Досегашните вработени, жители на селото Табановце, обвинуваат дека завчера без никаква најава или објаснување кога отишле на работа биле вратени дома.

Се беше во ред до завчера, кога без образложение никој ништо не ни кажа, само ни дадоа обичен лист хартија дека не сме повеќе на работа.Јас не сум во ниту една политичка партија, од сите хуманитарни организации имаме поддршка, никогаш кампот не е бил валкан. Работам од првиот ден овде, уште не беше поставен ниту кампот. Мојата нива е во близина и ми ја уништија. Не отидов да ги тужам, бидејќи ми ветија работа луѓето од Црвен крст. Работевме и ноќе и дење, по 24 часа, немавме слободен ден. Барем нека ни кажат зошто не избркаа - се жали еден од отпуштените.

 Нововработените се од Куманово и Скопје, а досегашните работници се сомневаат дека се партиски луѓе.

Од Министерството за труд и социјална политика информираат дека тие не ги раскинале договорите со лицата за одржување на хигиена во Прифатниот транзитен Центар Табановце, затоа што такви договори помеѓу МТСП и досегашните работници никогаш не постоеле.

МТСП по склучувањето на договорот со УНХЦР, преку надлежниот сектор во министерството пристапи кон реализирање на преземените обврски и беа склучени договори за ангажирање на лица кои ќе се грижат за оддржување на хигиената во Табановце. Согласно со договорот МТСП со Јавното комунално претпријатие во Куманово склучи договор за деловна соработка со кој се уредуваат правата и обврските и надоместокот за извршените услуги - соопштуваат МТСП.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk