Отруени кучиња и мачки, повторно расфрлан отров спроти Градскиот кеј

22.01.2018 15:37 | KumanovoNews

Неколку кучиња и мачки предпладнево се пронајдени отруени од улицата „Иво Лола Рибар“(Нагорички сокак) кон зградите спроти Градскиот кеј, најверојатно откако дошле во допир со отров.

Отруени кучиња и мачки, повторно расфрлан отров спроти Градскиот кеј

Од Здружението „Љубов и дом“, велат дека кучиња се од улица, а мачето е домашно милениче. Тие апелираат до граѓаните да внимаваат на своите миленичиња и на децата кои се играат во паркчето,  да не дојдат во допир со отровот.

Ова е трето труење на животни за само седум дена. Минатата недела беше растурен отров во близина на спортската сала и беа отруени две кучиња, а пред два дена уште едно куче коe успеја да се спаси.

Од Здружението го пријавиле случајот во полиција, но нема информации дали се работи на откривање на трујачите на животни.

На социјалните мрежи граѓаните се згрозени од ваквите постапки на поедници и бараат тие да се пронајдат и казнат. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk