Отсечени повеќе планински села поради снег

09.03.2015 10:20 | KumanovoNews

Планинските села Арбанашко, Длабочица, М'гленце, Жељувино, Дренак и Цветишница во општина Старо Нагоричане, се отсечени по последните врнежи од снег.

Отсечени повеќе планински села поради снег

Во овие села снежната покривка е над 35 цм, а регистрирани се и прекини во снабдувањето со електрична енергија.

„Општината веќе ги презема потребните  мерките за расчистување на патните  правци, по што и екипи на ЕВН ќе излезат и ќе ги отстранат дефектите  во тој реон“- велат од РЦУК.

И во општина Липково во повисоките планински села има снег, но рамничарските села се проодни.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk