Отсекот за превенција слави 7 години постоење

09.12.2014 12:02 | KumanovoNews

Отсекот за превенција при СВР Куманово денеска одбележа седум години постоење и успешна работа.

Отсекот за превенција слави 7 години постоење

Во изминатите години реализирани се многу проекти и кампањи за подобрување на безбедноста на граѓаните, кои се наменети за сите граѓани, од децата во градинка до пензионерите.

“Девети декември е ден на сите полициски службеници и луѓето кои со нас соработуваат. Оваа 2014 година спроведовме превентивни кампањи од сите области кои ги покрива секторот за внатрешни работи во делот на сообраќајот, јавниот ред и мир, намалување на криминалот. Она што денеска сакаме да го истакнеме е соработката со учениците. Полицијата е сервис на граѓаните“ - изјави Виолета Богдановска раководител во отсек за превенција при СВР Куманово.

По повод Денот за превенција во полиција, награди им беа доделени на учениците кои изработија цртежи за постери и календари за кампањите во 2015 година.

„Нашето училиште има прекрасна соработка со отсекот за превенција и сме вклучени во тимовите за безбедност. Треба да продолжи оваа соработка затоа што има позитивен ефект“ - кажа Лидија Костиќ, директорка на “Христијан Карпош“.

На свечениот коктел имаше советници, претставници на општинската администрација, невладин сектот, училишта и други. Следната година овој ден можно е да се одбележи на Градскиот плоштад, со цел да бидат поканети повеќе соработници на полицијата.

Истражувањето кое ОБСЕ го прави на секои 2 години, покажува дека довербата во полицијата се зголемува.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk