Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановската полиција во изминатиот период отстрани 28 возила од јавните површини во градот.
Според информациите од полицијата, се постапувало согласно однапред изготвен план.
„Врз основа на заклучоците донесени на состанок во Општина Куманово и извршените проверки од страна на СВР Куманово, полициските службеници изминатата недела презедоа конкретни мерки за отстранување хаварисани возила на подрачјето на Куманово. Притоа, од јавните површини во градот беа отстранети вкупно 28 хаварисани возила, чии сопственици претходно не ги отстраниле, и покрај укажувањата да го сторат тоа“, информираат од СВР Куманово.
Акцијата ќе продолжи и во наредниот период, најавуваат од полицијата.
Општина Куманово пред две недели ги повикува сите сопственици на неисправни, хаварисани и отпадни моторни возила, кои се оставени на јавно-прометни површини, да се вклучат во постапката за нивно отстранување.
2008 - 2026 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk