Отстрелани три волка во липковско

23.02.2015 10:59 | KumanovoNews

Во организирани хајки ловците од ловечкото друштво “Шќипоња“, месецов отстрелаа три волка и шест лисици во липковско.

Отстрелани три волка во липковско

Штетниот дивеч е отстрелан во атарот на селата Белановце, Думановце и Гошинце.

“Оваа година имаме отстрелано повеќе штетен дивеч. Лани имаше само еден волк и повеќе лисици. Примероците се носат во Ветеринарната станица за да се види да не има некоја заразна болест. За еден отстрелан волк даваат од Министерството за земјоделство награда од 3000 денари на име на друштвото, но само кога има акција“ - вели Јовица Стојиќ, член на претседателство на “Шќипоња“.

Месец дена на ловците им е дозволено преку организирани хајки да отстрелаат штетен дивеч.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk