Отворање на границите со Србија, Црна Гора, Косово и Албанија без ПЦР-тест, предлага Комисијата за заразни болести

05.10.2020 08:09 | KumanovoNews

Комисијата за заразни болести ќе ѝ предложи на Владата да се отворат границите со Србија, Црна Гора, Косово и Албанија без ПЦР тестирање.

Отворање на границите со Србија, Црна Гора, Косово и Албанија без ПЦР-тест, предлага Комисијата за заразни болести

- Комисијата за заразни болести, утрово донесе предлог одлука за отворање на границите со Србија, Црна Гора, Косово и Албанија без ПЦР тестирање. Според анализите, во моментов нема индикација, односно нема висок број на импортирани случаи во земјава со ковид-19 од овие земји. Согласно тоа, нема ризик и безбедно е отворањето на границите, - соопштуваат од Министерството за здравство.

Предлог одлуката ќе биде доставена до Владата на Република Северна Македонија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk