Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Бизнис канцеларија, која ќе работи во состав на Центарот за развој на североисточниот плански регион вчера беше отворена во Куманово.
Целта на проектот е да ги поврзе централната и локалната власт со бизнис заедницата во регионот и со тоа да се создадат услови за заедничка соработка и аплицирање на проекти на домашните и меѓународни фондови. Работата на канцеларијата ќе ја финансира Министерството за локална самоуправа, а на свеченото отварање присуствуваше и министерот Лирим Шабани.
Првична задача на оваа канцеларија ќе биде изработка на софтверско решение каде ќе се опишат сите економски и географски капацитети и потенцијали во регионот, вклучувајчи и законски и подзаконски прописи. Се надевам дека во иднина ова канцеларија ќе даде очекуваните резултати и ќе имаме повеќе проекти, - изјави министерот Шабани.
За Бизнис центарот за поддршка на приватниот сектор во Североисточниот регион Министерството издвои 800 илјади денари. Проектот ќе трае до март 2016 година, а бројот на вработени ќе зависи од потребите. Градоначалниците на општините од Североистичниот регион во овој проект гледаат шанса за привлекување на странски инвеститори и развој на регионот, со што ќе се исправат грешките од минатото во најсиромашниот дел во државата.
Ова е почеток за кој мислам дека во наредните период ќе даде допринос во однос на експанзијата во економскиот дел во регионот, бидејќи знаете дека североисточниот регион е најнеразвиен во државата од сите 6 региони. Мислам дека ова е итекако потребно од позиција што имаме масовно иселување од североисточниот плански регион. На тој начин ќе допримесеме за зацврстување на бизнис климата и развојот на регионот, - изјави градоначалникот Зоран Дамјановски.
Директорот на Центарот за развој на североисточниот плански регион Младен Протиќ најавува дека за потребите на бизнис центарот ќе бидат изработени: веб портал, регионална програма и акционен план, водич за инвестиции и потенцијалот на регионот.
Досега вакви канцеларии се отворени во пет региони, кои веќе ги дале очекуваните резултати, а истото го очекуваат и бизнисмените и претсавниците на институциите во североисточниот регион.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk