Отворен ден на Мулти-култи

04.07.2011 12:27 | KumanovoNews

 Центарот за меѓукултурен дијалог утре на Градскиот плоштад организира Отворен ден. Манифестацијата ќе трае од 18 до 20 часот, а во неа можат да се вклучат граѓаните.

Отворен ден на Мулти-култи

Open Day е настан на кој сите активности на младинскиот центар Multi-Култи се реализираат на отворен простор со цел да ги вклучат случајните минувачи. Токму за овој настан волонтерите и активистите на ЦИД, ќе изградат куќа на мултикултурализам. Граѓаните кои во тој дел од денот ќе се најдат на плоштадот ќе имаат можност да учествуваат на работилница за театар и анимација, да се изразат преку цртање, правење украси од рециклиран материјал, или пак да бидат дел од мултикултурно истражување -велат организаторите од Мулти-култи.

Со овој проект се дава можност за се дознае повеќе за пристапот и начинот на младинската работа во Центар за меѓукултурен дијалог.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk