Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Средното општинско училиште "Перо Наков", вчера организираше „Отворен ден на училиштето“.
Учениците – волонтери и наставниот кадар во училиштето ги информираа заинтересираните ученици и посетители за работењето на училиштето, како и за образовните насоки и профили. Во холот на училиштето беше организирен Училишен саем на виртуелни компании на којшто учениците од четврта година од економско-правната и трговска струка и од текстилно-кожарската струка поставија свои штандови на коишто ги промовираа своите производи.
Учениците организираа ревија Trash Fashionна којашто беа претставени уникатни и рачно изработени модели. Заинтереситените деветоодделенци од сите основни училиште од Куманово присуствуваа на настанот и имаа можност одблиску да се запознаат со креативните работилници и штандови и да подигнат рекламен материјал.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk