Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По повод Европски ден на граѓанска правда - 25 октомври во Основен суд Куманов утре ќе се одржи отворен ден за граѓаните. Сите заинтересирани можат да го посетат судот во периодот од 12 до 14 часот.
„Ги повикуваме сите граѓани да дојдат во одредениот период и да се запознаат со работата и функционирањето на судот, да прашаат за работите што ги интересираат и да ги разгледаат работните простории“, велат од Судот.
Европски ден на граѓанска правда секоја година се одбележува во сите држави на Европа. Целта е во сите европски држави правдата да се доближи до граѓаните и тие да се запознаат со нејзиното спроведување.
Интенцијата за одбележување на Европскиот ден на граѓанска правда е на граѓаните да им се овозможи одблизу да се запознаат со нивните основни права во повеќе области како и со функционирање на системот на правосудството во поширока смисла (пристап до правдата, медијација, извршување на судските одлуки).
Посетата на судот од граѓаните ќе се спроведе по сите протоколи и ковид мерки
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk