Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Уметничката галерија во Куманово викендов беше отворена десеттата изложба на уметничка фотографија „Фото Салон Куманово 2015“.
На изложбата се претставени 120 најдобри фотографии на автори од 60 земји.
Се започна во далената 2006 година со идеја да се направи меѓународна изложба на уметничка фотографија, која на единствен и специфичен начин ќе ја прикаже магијата на уметничката фотографија, како на кумановската така и на македонската публика. Оваа идеја е на тогашните наши членови Душан Доцевски и Марјан Јаневски Шалајко. Посебна чест и задоволство ми е да ја отворам оваа јубилјена 10 по ред изложба на уметничка фотографија Фото салон Куманово - изјави на отварањето Дејан Ангеловски, претседател на клубот.
На присутните им се обрати и мајсторот на фотографија и почесен член на ФКК Козјак, Цветан Гавровски, кој меѓу другото им посака добро светло на фотографите во нивната работа.
Љубителите на фотографијата оваа изложба ќе можат да ја погледаат до среда.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk