Отворен детскиот ликовен камп „АСНОМ“

22.06.2016 14:39 | KumanovoNews

Над 150 цртежи, графики и скулптури создадоа учесниците на годинешниов Детски ликовен камп АСНОМ, што веќе три дена се одржува на локалитетот Етно село.

Отворен детскиот ликовен камп „АСНОМ“

На кампот учествуваат 32 деца од основните училишта од градот и 4 лица со интелектуална попреченост.

- Работевме најразлични теми. Јас сакам и професионално да се занимавам со ликовната уметност, бидејќи го сакам цртањето и уметноста, - вели Ана Крстиќ, од „Кочо Рацин“.

- Прв  пат учествувам ма ликовниот камп и могу ми се допаѓа. Јас го насликав заоѓањето на сонцето на тропски брег. Овде правевме релјеф и цртавме со акрилни бои, - рече Ивана Трпевска.

Кампот се организира по шести пат, а со децата на различни теми и техники работеа двајца ликовни педагози.

- Кампот трае 4 дена, а децата работат акрил на платно, графика, скулптура и дизајн. Ова се талентирани деца кои творат и се дружат. Сите создадоа по 5-6 дела, -изјави Симона Јакимовска, ликовен педагог.  

Денеска беше организирано свечено отворање на кампот, а воедно и посетителите имаа можност да видат дел од создадените дела.Кампот го отвори градоначалникот Зоран Дамјановски и директорот на Фондацијата за култура и спорт Нино Величковски.

- Суштината на овој камп е талентираните деца да се дружат и со своите метори да создадат ликовни дела. Ова е наш допринос за развој на културата и јас сакам да ви дадам целосна подршка. Куманово во минатото даде многу ликовни уметници кои се широко познати не само во Македонија туку и пошироко, - рече Дамјановски.

- Досега учествувале над 120 ученици од сите основни училишта во градот.  Од предходните изложби над 140 наслови во сите ликовни техники ги дониравеме на Порака наша, - рече Величковски.

Кампот завршува утре, а дечињата ќе ги понесат своите впечатоци и знање до наредната средба. Манифестацијата ја организира Фондација за култура со подршка ка општината Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk