Отворен “Фит боди центар“ во Куманово

12.06.2014 14:05 | KumanovoNews

 Во Куманово од вчера започна со работа современ спортски клуб “Фит боди центар“, кој се наоѓа во близина на соборната црква.

Отворен “Фит боди центар“ во Куманово

Се работи за клуб со современ простор и опрема во кој кумановци ќе можат да тренираат зумба, пилатес, фитнес, степ фитнес, кардио вежби, аеробик и модерни танци.

- Имаме справи за боди билдинг за вежби на мажи и жени, модерен балет за деца. Сите кои го сакаат спортот и имаат волја да вежбаат ќе имаат извонредни услови во нашиот нов клуб. Со нив ќе работат професионални тренери кои имаат искуство во своите дисциплини и веќе имаме оформено повеќе група. Цените ќе бидат прифатливи за сите. Нашето работно време го прилагодивме според потребите на клиентите. Ќе имаме групи претпладне и попладне, но и во вечерните часови за оние кои работат до 20 часот. Последната група ќе почне со вежби во 21.30 часот - вели Ивана Јовановиќ, зумба инструктор.

“Фит боди центар“ се наоѓа веднаш до лабораторија Стојмановски, а менаџерскиот тим ги повикува вљубениците во спортот да ги посетат и да се уверат во нивниот квалитет и различност од другите спортски клубови.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk