Отворен клуб за пензионери во „Гоце Делчев“

23.11.2015 10:03 | KumanovoNews

Во трговскиот комплекс во населбата „Гоце Делчев“ викендов се отвори пензионерски клуб.

Отворен клуб за пензионери во „Гоце Делчев“

Ова е 11-ти пензионерски клуб на Здружението на пензионери Куманово, а се отвара на барање на членовите.

Пензионерите од ограноците од трите населби ќе имаат можност да го користат овој централен клуб и организирано да го користат слободното време - вели Спирко Николовски, претседател на Здружение на пензионери Куманово.

По отварањето на клубот, пензионерите од “Гоце Делчев“ и “Тоде Мендол“ играа шах. Пензионерски клубови има во приградските населби, но и во Умин Дол, Агино село, Липково. Во општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане има повеќе од  13.300 пензионери.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk