Отворен конкурс за “Романијада 2015“

10.07.2015 09:28 | KumanovoNews

Издавачката куќа “Култура“ по втор пат организира “Романијада“ за млади автори до 35 години, кои имаат роман во ракопис, а немаат објавено книга досега.

Отворен конкурс за “Романијада 2015“

Авторите можат да конкурираат до 15 јули, а резултати ќе има во септември. Романот треба да биде во жанровите: драма, трилер, љубовен роман, крими, авантура или научна фантастика и  романот да не е подолг од 110 страници. Победникот од конкурсот ќе потпише договор со издавачката куќа, а целта на конкурсот е да се поттикнат младите автори да пишуваат.

Повеќе информации заинтересираните можат да најдат на www.kultura.com.mk.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk