Отворен конкурсот за фестивалот на краток филм „Филмај 2022“ Куманово

13.12.2021 11:32 | Сузана Николиќ

Фото-кино клуб „Козјак“ – Куманово, денеска го објави конкурсот за фестивалoт на кратoк филм „ФИЛМАЈ“ за фестивалското издание во 2022 година.

Отворен конкурсот за фестивалот на краток филм „Филмај 2022“ Куманово

На конкурсот можат да се пријават кратките филмови, играни и документарни (не и анимирани), со траење до 20 минути, не постари од  1 јануари 2018 година, преку платформите FilmFreeway и festhome до 20 март 2022 година.

Филмовите конкурираат за следниве награди:
- награда „Лазар Ѓорѓевиќ“ за најдобра режија
- награда „Радислав Ристевски“ за најдобра фотографија/кинематографија
- награда „Koзјак“ за најдобрo сценарио
- награда за најдобар македонски (домашен) филм

Автори кои сакаат да го пријават својот филм, на друг начин освен преку горенаведените платформи, може да пишат e-mail на [email protected] за да добијат инструкции за успешно аплицирање.

Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени на 2 мај 2022, а фестивалот е предвиден да се одржи во Куманово на 27 мај 2022.

За најдобар македонски филм за минатата година на „ФИЛМАЈ“ беше прогласен „Неонски срца“ на Ана Јакимска, а прв добитник на истата награда беше филмот „Налепница“ на Георги М. Унковски на второто издание на „ФИЛМАЈ“ во 2020 година.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk