Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Учениците од основни и средни училишта од Куманово, од денеска /8 април/ можат да се пријават за учество на ликовниот конкурс „Мојот имагинарен свет 2024“ на Центарот за култура во Куманово.
Пријавувањето ќе трае до 22 април, а избраните творби ќе учествуваат на изложба на 25 април во фоајето на центарот.
Право на учество имаат сите ученици од 6-то до 9-то одделение, како и средношколците од сите четири години од општина Куманово.
„Целта на конкурсот е промоција на талентирани ученици, кои со помош на нивната имагинација и ликовни вештини креираат инвентивни ликовни решенија. Стручна жири комисија ќе направи селекција на пријавените дела и ќе додели дипломи за прво, второ и трето место, во двете категории и благодарници за нивните ментори“, стои во повикот на директорот Сашо Тодоровски.
Пропозициите налагаат делата да се изработени во формат на димензии блок 5, а техниката во која ќе се работи е молив, дрвени боички, туш во боја, водени бои, темперни и акрилни бои. Учеството на конкурсот е во координација со менторите- професори по ликовно воспитание кои треба да дадат препорака за творбите на нивните ученици.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk