Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Денеска беше пуштен во употреба новиот Ургентен хируршки центар, кој ќе работи во состав на Општата болница Куманово.
Во новиот ургентен центар во Куманово, над 200 илјади граѓаните од Североисточниот регион, на едно место ќе можат да добијат хируршки, ортопедски и анестезиолошки третман со современа медицинска опрема во амбулантите и во дневната болница.
„Упатувам порака до здравствените работници, пред се лекарите, медицинските сестри, болничарите и другите здравствени работници, останете во нашата земја, затоа што прво никаде не како дома. Ние ќе се потрудиме да ги зголемиме платите, да ги подобриме условите на вашето работење, затоа што прво никаде не како дома, а второ дефинитивно им требате на граѓаните, заради тоа што Македонија со свои средства ве едуцирала и образувала. Еве продолжуваме со средства на граѓаните да ги зголемиме платите и приходите да бидат доволна мотивација за сите. Ургентнито центар претставува спојка на целото амбулантско работење, поврзано со хируршките клиники, и претставува совршенство во унапредувањето на здравствената заштита на граѓаните, - порача премиерот Зоран Заев, при денешното пуштање во употреба на новиот Ургентен центар во Куманово.
Новиот ургентен центар е со површина од 750 мерти квадратни. Проектот чини 53 милиони денари или 900.000 евра, коишто ги обезбеди Министерството за здравство и државата.
„Во овој центар ќе имаат можност да бидат прегледани оние пациенти кои доаѓаат со упат од матичен лекар, но и оние кои што дошле за некоја ургентна или животно загрозувачка состојба. Ќе имаме и добра екипираност на медицинскиот кадар, сите ќе бидат на едно место што дава една подобра можност за комуникација, консултација и решавање и на најтешките случаи, - изјави директорката на Општа болница Куманова, Снежана Захариева.
Министерот Венко Филипче, најави дека ќе продолжат инвестициите во Кумановската болница, пред се во набавка на нов компјутерски томограф и ултразвучен апарат.
Новиот Ургентен центар започна да се гради 2017 година.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk