Отворен оглас за самовработување

12.04.2016 11:13 | KumanovoNews

Невработени лица од Куманово, до 30 април ќе имаат можност да аплицираат за владината програма за самовработување.

Отворен оглас за самовработување

Мерката за самовработување предвидува грант од 185 000 денари, неповратни сретства. Повик до сите невработени лица да аплицираат за оваа мерка, која една од поатрактивните од оперативниот план на Владата. Во првиот оглас имаме селектирано 102 лица, кои деновиве треба да започнат со обука“, - изјави Милорад Тренчевски, директор во Агенцијата за вработување Куманово.

Апликантите треба да се пријавени во Агенцијата за вработување како активни баратели на работа и да достават бизнис идеја која ќе биде разгледана во Скопје. Мерката не опфаќа и нема да бидат подржани бизниси од земјоделството, услужните дејности, додека сите други области од дрвната, металната индустрија, занаетчиството, ординации, се на листата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk