Отворен повик за учество во „Сликите од регионот“

11.02.2020 11:20 | KumanovoNews

Фото клуб Куманово, објави конкурс за фотографија, во рамките на проектот „Сликите од регионот“, преку кој ќе се рашират и разменат културни вредности од државите кои учествуваат во проектот: Албанија, Босна и Херцеговина, Србија и Македонија.

Отворен повик за учество во „Сликите од регионот“

Право на учество имаат фотографи на возраст од 18-25 години.

Идејата на организаторот е да се фотографира животот во локалната заедница, преку следните теми: портрет, фолклор, животот и обичаите на локалното население и пејзаж.

Фотографиите ќе се испратат електронски на: [email protected]

Секој учесник може да испрати максимално 5 фотографии.

Млади луѓе кои никогаш не ја поминале границата на својата земја, луѓе со инвалидитет/  или со помалку можности, ќе имаат предност за време на селекцијата.

Избраните 5 учесника ќе имаат можност да посетат дводневна работилница во Македонија, тродневна напредна работилница во Србија, ќе се запознаат со разните култури, историја, традиција и фолклор на местата каде што ќе се одржат работилниците и ќе го зголемат својот уметнички потенцијал на изразување низ фотографија.

Краен рок на поднесување на фотографии е: 20-ти февруари 2020 година.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk