Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово ќе ангажира волонтери кои ќе помагаат во реализација на програмските активности во текот на годината.
На повикот можат да се пријават сите кои ја сакаат културата и имаат желба за учење и стекнување на нови вештини.
„Имавме такво искуство за првпат во 2022 година на фестивалот Денови на комедија, се пријавија неколку млади лица и заедно со нас успешно ја изнесоа целата организација на фестивалот. Во 2023 година сакаме да ја прошириме соработката и на други манифестации како што е Фестивалот на проза кој ќе се организира во мај, за тековните изложби, театарски претстави, концерти и во се друго што ќе организираме во Центарот на култура да ги вклучиме младите“, изјави директотор Сашо Тодоровски.
Тој додава дека заинтересираните за волентерство не треба да исполнуваат посебни услови, но предност ќе имаат младите луѓе од 18 до 28 години, кои не се постојано работно ангажирани и можат да одговорат на зададените задачи.
„Најчесто настаните се организираат во вечерните часови, така да тие треба да бидат со нас, воедно и да уживаат во манифестациите кои заедно ќе ги организираме. Предуслови не се потребни, едноставно да ја сакаат културата, да имаат желба за работа и сигурен сум дека за понатаму во животот ќе имаат бенефит од тоа“, објаснува Тодоровски.
Сите заинтересирани од денеска можат да се пријават во Центарот за култура, а првите настани ќе се организираат по 20 јануари, кога се очекува да биде објавена и Годишната програма на Министерството за култура.
Ивана Алексовска
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk