Отворен регионален штаб на СДСМ во Куманово

02.04.2014 08:44 | KumanovoNews

Регионалниот штаб на СДСМ за изборна единица 2 синоќа беше отворен на улица “Октомвриска револуција“ во Куманово.

Отворен регионален штаб на СДСМ во Куманово

За шеф на штабот е назначен градоначалникот Зоран Дамјановски, а заменик е Сашо Петрушевски.

Вечерва свечено го промовираме штабот во присуство на сите кандидати за пратеници во изборната единица број 2. Присутни се и претседателите на општинските изборни штабови од Ѓорче Петров, Бутел, Чаир, Чучер Сандево, Шутка, Гази Баба, Старо Нагоричане, Куманово. Ова е една од поспецифичните изборни единици каде има еден мешан етнички состав и каде неизвесноста е голема во секој изборен процес. Го промовираме кандидатот за претседател и ќе се почне со мрежа на работење во сите општински организации во изборна единица 2 - изјави Дамјановски.

Тој најави дека СДСМ ќе водат позитивна кампања и се надева дека тоа ќе вроди со победа на 27 април.

Во Куманово СДСМ има отворено 42 штаба, а во другите општини штабови се отвараат согласно потребите.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk