Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Грдската библиотека “Тане Георгиевски“ денеска е отворен саем на книгата, во рамки на кампањата “Да“ за книга, која ја организира издавачката книга “Матица Македонска“.
Во наредните три дена граѓаните ќе можат по пристапни цени да набават книги од оваа издавачка куќа. Паралелно ќе има и промоции за популаризација на книгата меѓу читателите.
“Матица Македонска“ подготви еден мини саем, денеска на 23 април - Светскиот ден на книгата и авторското право. Драго ми е што ве гледам во ваков голем број и јас не се грижам за книгата. Иако велат дека има игри, интернет, книгата е незаменлива и овој настан тоа го потврдува“ - рече Нада Ивановска, директорка на библиотеката.
Пред присутните се обрати раководителот на секторот за култура во општина Куманово, Жика Крстевски кој кажа дека ова е убава манифестација на отворено каде децата ќе се доближат до книгата.
Гледаме дека има присутни и ученици и наставници, гости, претставници од фелата на писателите. Ова е уште еден момент, книгата да ја приближиме до читателите, меѓутоа и да пратиме сигнал дека Куманово е град кој ги прифаќа оние кои сакаат да го збогатат културниот живот - изјави Крстевски.
Дејан Павлевски, директор на “Матица Македонска“ објасни дека кампањата се реализира во градовите низ Македонија.
Колку повеќе зборуваме за книгата и колку повеќе се дружиме со книгата, толку подобро општество ќе имаме. Идејата е во градот каде гостуваме да ги вклучиме и авторите кои тука живеат и творат - вели Павлевски.
Голем број граѓани ги посетија штандовите поставени пред библиотеката за да си одберат книга.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk