Отворен современ фитнес центар

22.09.2011 12:44 | KumanovoNews

 Денеска беше предаден во употреба нов фитнес клуб во состав на економското училиште „Перо Наков„. Центарот зафаќа површина од 130 метри квадратни, а чини 3 милиони денари.

Отворен современ фитнес центар

Овој центар е наменет за спортските клубови од градот, учениците, како сите граѓани кои сакаат рекреативно да се занимаваат со спорт. Опремен е со најсовремени справи за професионално и рекаретаивно вежбање- вели директорот Момчили Антевски.

Со пуштањето во употреба на фитнес клубот се заокружува спортскиот комплекс „Перо Наков„, каде пред една година беше изградена нова спортска сала.

Градоначалникот Зоран Дамјановски, на свеченоста зборуваше за подршката на локалната самоуправа во изградба на спортските објекти и терени, и го најави отварањето на атлетската стаза кај Техничкото училиште.   

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk