Отворена истрага за возачот кој ја предизвика несреќата во која загина полицаец

24.04.2019 13:21 | KumanovoNews

 Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, кое е осомничено дека сторило кривични дела – тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, како и – неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода.

Отворена истрага за возачот кој ја предизвика несреќата во која загина полицаец

На 21.04.2019 година, на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, патничко моторно возило управувано од осомничениот  удрило во двајца полициски службеници. Од тежината на повредите на лице место еден од полициските службеници починал, а другиот се здобил со телесни повреди. Возачот потоа продолжувајќи со управувањето со возилото удрил во друго патничко моторно возило во кое биле три лица и на сите им нанел телесни повреди. Возилото продолжило со движење, но од брзината и ударите се превртело, при што и осомничениот се здобил со телесни повреди.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Куманово достави и предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk