Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ синоќа беше отворена изложба на акварели „(По)трагите на водата“.
Изложбата се состои од 31 дело и е во организација на Националната галерија на Македонија и Дирекцијата за култура и уметност. Таа се спроведува како дел од проектот „Кич,да!?/сте или не/“ поддржан од Министерството за култура.
„Првото преставување беше во Чифте Амам во Скопје, минатата година во мај и сега реализираме патувачки концепт на оваа изложба, за што повеќе градови да можат да уживаат во делата од емнинтни автори, познати имиња на македонската современа ликовна уметност и има автори од соседните држави“- вели Елена Георгиевска, кустос во Националната Галерија на Македонија.
Роберт Цветковски, историчар на уметност во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, додава дека учесниците на изложбата се основоположници на македонското современо сликарство.
Изложени се дела од Михајло Шојлев, Димитар Аврамовски Пандилов, Киро Караџа, Лазар Личеноски, Вангел Коџоман, Љубомир Белогаски, Василие Поповиќ – Цицо, Томислав Кризман, Јован Бјелиќ, Коста Хакман, Петар Лубарда, Предраг Милосављевиќ – Пеѓа и други.
Изложбата во Куманово ќе трае до 17 февруари.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk