Отворена изложба на Стоје Додевски

19.02.2016 15:10 | KumanovoNews

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ синоќа беше отворена изложбата со резби во дрво „Сеќавање“ на Стоје Додевски.

Отворена изложба на Стоје Додевски

Изложбата се состои од 26 дела и авторот ја посветува на неговата почината сопруга. Тој десетина години се занимава со оваа уметност.

Најлесно дрво е оревот, најмногу го користиме во Македонија. Тоа сите го знаат, работев и на други и на габер кое е тврдо и најтешко дрво, ама се работи на сирово додека е сирово инаку кога ќе се исуши глетата се криват. Имам работено и на круша, липа, чам еден сценографски елемент имам правено во претставата „Р“ од Јордан Плевнеш кога ја режирав и тогаш направив сценографски елемент резбан во чам. Тоа беше чудно и за мене и за сите бидејќи чам е тежок за изработка затоа што пушта конци, се кине не ги прави фигурите како што треба јас успеав тоа да го изработам - вели авторот.

Додевски е роден во Куманово во  1955 година. Тој е слободен уметник, основни преокупации му се аматерскиот филм, театарска режија и  копаничарството. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk