Отворена изложба на уметничка фотографија под покровителство на FIAP

03.10.2010 22:29 | KumanovoNews

 На изложбата се поставени 350 најдобри фотографии, избрани меѓу 1800 пристигнати од 450 автори од 50 земји во светот.

Отворена изложба на уметничка фотографија под покровителство на FIAP

 Во Уметничка галерија во Куманово викендов беше отворена петтата Mеѓународна изложба на уметничка фотографија "Фото Салон Куманово 2010". На изложбата се поставени 350 најдобри фотографии, избрани меѓу 1800 пристигнати од 450 автори од 50 земји во светот.

Жирито имаше сериозна и одговорна задача.Од обемниот матерјал пристигнат според условите на јавниот конкурс да се одлучи за поставка од 350 фотографии. Убедени сме дека направивме квалитетен избор како копромис меѓу понуденото и она што сега се смета за актуелен фотографски исказ. Преку изложбите на фотографии кои неколку години се организираат, Куманово стана препознатлив фотографски центар. Со оваа изложба Фото Салонот Куманово се профилира во респектирана меѓународна изложба која на најдобар можен начин ја афирмира македонската фотографија во светот и светската во Македонија -рече Цветан Гавровски, член на жирито.   

 Во името на локалната самоуправа, посетителите ги поздрави началникот на Секторот за култура Жико Крстевски.На изложбата беа поделени наградите „Живко Јаневски„ и признанија на учесниците, а отварањето покрај големата посетеност од кумановчани беше директно пренесувано на интернет.

 Организатор на изложбата е Фото Кино Клуб "Козјак 50" од Куманово, кој годинава обележува 60 години од основањето. Петиот Интернационален „Фото Салон Куманово 2010„ по втор пат е под покровителство на Светската Федерација на Уметничка Фотографија – FIAP со седиште во Париз. Фото Салонот  моментно е единствена изложба од Македонија која е под покровителство на FIAP. Изложбата ќе биде отворена до 7 октомври годинава.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk