Отворена изложбата „Дневникот на Ана Франк“ во Куманово

13.02.2017 18:32 | KumanovoNews

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ денеска беше отворена патувачката изложба “Ана Франк – Историја за денес“.

Отворена изложбата „Дневникот на Ана Франк“ во Куманово

 Изложени се триесет и девет панели кои носат бројни детали од животот на малата Ана и нејзиното семејство од Втората светска војна. Изложбата се организира во Македонија во рамки на проектот „Хисторија, Историја, Повјест – Лекции за сегашноста“, а организатори се Младински образовен форум и Куќата на Ана Франк од Амстердам.

„Изложбата е врвот на еден наш заеднички проект во кој што земав учество минатата година на еден од одржаните семинари во Босна, односно во градот Мостар. Изложбата ќе гостува во нашиот град десетина дена, - изјави Анита Зафировска, наставник по историја во гимназијата „Гоце Делчев“.

На отворањето на изложбата присуствуваше и амбасадорот на Холандија во Република Македонија Вилер Ваутер Пломп, кој истакна дека е многу среќен што оваа приказна ја раскажуваат средношколците.

„Штотуку разговарав со некои од средношколците кои се презентери на оваа изложба и мислам дека тие многу јасно ја разбрале пораката на изложбата, а тоа е дека треба да се надминат поделбите во општеството. Мислам дека кога се работи за поделбите во општеството било да се тоа поделби врз основа на раса, вера, сексуална ориентација, многу е важно младите да ја разберат и да ги надминуваат овие поделби и ако ние можеме барем малку да допринесеме за намалување на овие поделби преку организирање на оваа излижба – изјави амбасадорот Ваутер Пломп.

Оваа изложба е отворена по 11. пат, предходно гостувала во Струга, Прилеп, Битола, Неготино и други места низ Македонија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk