Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ синоќа беше отворена меѓународната изложба на уметничка фотографија насловена како „Фото Арт група Ф7 и пријатели 2010-2015“.
Посетителите имаа можност да видат 48 фотографии, портрети и пејзажи. На изложбата има дела од автори од балканските држави, Бугарија и САД.
На конкурсот се пријавија автори од различни држави и можам да кажам дека изложбата е составена од автори кои се мајстори на фотографија, која далечната 1984-та овде учествуваа на жирирање на поранешните југословенски денови на фотографија, до воени репортери и творци на многубројни светски монографии - изјави Душан Доцевски, раководител на „Фото Арт групата Ф7“.
Изложбата ќе трае во наредните две недели, а потоа ќе биде презентирана и во градовите низ Македонија.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk